Слабеење без гладување и прескокнување оброци

Слабеење без гладување и прескокнување оброциЗголемувањето на телесна тежина кај луѓето е алармантно, особено кај помладата, тинејџерска генерација и кај децата. Недвижењето, седењето пред компјутер и земањето брза храна си го прават своето. Како последица на тоа страда организмот, се јавуваат голем број на здравствени проблеми и болести. Страдаат речиси сите органи, индиректно или директно: срцето, крвните садови, црниот дроб, како и целиот систем за движење, од колената до петиците. Затоа сите препорачуваат: да се намали тежината! Лесно е и едноставно да се каже, но многу тешко да се оствари. Овој текст нуди препораки и совети како да се слабее без гладување и диети.

За да го забават стареењето, да го задржат својот младешки изглед и да се ослободат од вишокот килограми Американците, а и многу други луѓе во светот, секоја година трошат милијарди долари за таблети, вежбања, дури и терапевти.

Едно истражување врз возрасен rezus makakues (вид мајмун) покажало дека мајмуните за една третина помалку умираат од болести поврзани со возраста, ако консумираат 30% помалку калории. Пред тоа, едно друго истражување покажало дека рестрикцијата на калориите може да го продолжи животниот век на сите суштества, почнувајќи од овошни мушички до кучиња. Но, најновите испитувања, водени од експертот за геријатрија Ричард Вајндрук од Националниот центар за проучување на приматите (вид мајмуни) во Висконсин и објавени во списанието “Наука” покажуваат дека намалувањето на калориите може да го продолжи животниот век на приматите. Овој вид истражување барал огромна трпеливост. Вајндрук поминал 20 години проучувајќи ги мајмуните. Во тоа време, тие šшто биле на диета биле помалку подложни на дијабетес, рак, кардиоваскуларни болести, дури и атрофија на мозокот. Тие, исто така, биле очигледно повлакнести и посилни, споредени со “добро” хранетите мајмуни.

Фармацевските компании сега бараат лек šшто ќе ги имитира бенефитите на рестриктивна диета без одрекувања. Неодамна, во списанието “Природа” еден независен тим објави дека rapamicin, еден имуно-супресивен лек, ја зголемува долговечноста кај постари глувци дури до 38%. Во “Џексон лабораторијата” во Мејн, геронтологот Дејвид Харисон и неговиот тим го тестирале рапамицинот, кој е веќе одобрен за употреба, но само во некои постапки како што е трансплантација на бубрези, бидејќи претходните истражувања покажале дека лекот го зголемува животниот век на инсектите и може да го намали појавувањето на ракот кај цицачите.

– Ние не тврдиме дека ќе постигнеме бесмртност, но рапамицинот е чекор напред кон продолжување на животниот век за околу 10 години – вели Харисон.

Од друга страна, зголемувањето на телесна тежина кај луѓето е алармантно, особено кај помладата тинејџерска генерација. Недвижењето, седењето пред компјутер и земањето брза храна си го прават своето. Како последица на тоа страда организмот, се јавуваат голем број на здравствени проблеми и болести. Страдаат речиси сите органи, индиректно или директно: срцето, крвните садови, џигерот, како и целиот систем за движење, од колената до петиците. Затоа сите препорачуваат: да се намали тежината! Лесно и едноставно е да се каже, но многу тешко да се оствари. Сите совети и препораки кажуваат дека намалувањето на тежината конвергира кон две нешта:

– согорување на калориите преку физичка активност или вежбање;
– обмислен избор на храна и контрола на количината šшто се консумира.

Така е, теоретски можете да ги намалите калориите минувајќи часови во гимнастичка сала, но тоа не е реално, ниту, пак, е забавно како сурфањето или компјутерските игри, а особено е тешко за постарата популацијата која страда од хронични и дегенеративни заболувања. Што се однесува, пак, до вториот начин, како да се одбере и да се намали храна при една рака таблетки за с# и сешто или при еден убав топол хамбургер! Изборот на храна честопати е сврзан со финансиски средства, особено во семејства со членови од различна возраст. А и кога не би било сето ова во прашање, кој би сакал да живее на листови салата? Затоа, наместо сето ова обидете се со овие седум секојдневни постапки да ги намалите килограмите, без некој посебен напор и ригорозна диета, која често пати прави поголема šштета од корист:

1. Раздвижување

Џејмс Левин, лекар на многу познатата Клиниката Мајо во Рочестер, поминал десет години проучувајќи ја улогата šшто секојдневните движења ја имаат врз метаболизмот. Луѓето кои цупкаат со нозете кога седат и претпочитаат да стојат отколку да седат, кои, општо земено, повеќе се движат, согоруваат 350 повеќе калории на ден, отколку оние кои седат мирно. Пресметано, тоа се околу 18 килограми годишно!

2. Повеќето оброци нека бидат под 400 калории

Многу проучувања препорачуваат распределување на оброците на одредени интервали и нивно одржување на речиси иста количина. Земањето оброци повеќе пати во текот на денот во одредени интервали е поврзано со поголемо согорување калории по јадењето, подобро реагирање на инсулинот и побрзо намалување на нивото на холестерол во крвта. Кога јадете редовни оброци преку целиот ден, не е толку веројатно да се почувствувате гладен и да се прејадете.

3. Не придржувајте се на одредена контрола

Придржување на строга контрола доведува до стрес и до потреба од консумирање поголема количина на храна, најчесто слатка! Затоа опуштете се, но зголемете ја интензивноста на секојдневните задачи, од чистење со правосмукалка до šшетање на кучето. Пуштете музика, правете секаков вид движења и уживајте во раздвижувањето, препорачува Даглас Брук, психолог за гимнастичари и тренер во Северна Калифорнија.

4. Пијте 8 чаши вода на ден

Водата не е само гаснење на жедта. Таа може да го забрза телесниот метаболизам. Истражувања во Германија откриле дека пиењето две чаши од 200 милилитри студена вода го забрзува метаболизамот на испитаниците за 30% и ефектот трае 90 минути. Една третина од зголемувањето се должи на напорите на телото да ја загрее водата, но останатиот дел се должи на работата на телото да ја апсорбира.
– Кога пиеме вода, не се внесуваат калории, но калории се трошат, за разлика од тоа кога пиеме газирани и слатки пијалаци, кадеšшто се внесуваат калории, кои потоа се наталожуваат, објаснува главниот истражувач, Михаел Бошман, од Медицинскиот универзитет во Берлин. Зголемувањето на консумирање вода до осум чаши на ден, може да помогне да изгубите околу 4 килограми годшно, затоа обидете се да пиете вода пред оброците и ужините, а заборавете или сведете ги на минимум засладените пијалаци и сокови.

5. Качувајте се нагоре – и симнувајте се надолу

Качувањето по скали многу ги засилува нозете, бидејќи ја подигнувате телесната тежина наспроти гравитацијата. Покрај качувањето по скали во секоја пригода, обидете се да се качувате и да се симнувате на тротоарот додека чекате автобус или полните бензин, вели д-р Брукс.

6. Користете ги книгите и кесите со продукти како гимнастички тегови

Носете си ги книгите и торбите, правејќи рамнотежа со по една кеса или торба во двете раце, пакувајте с# во две помали торби наместо во една голема, вели тренерот Бет Ротенберг, која води група за фитнес-професионалци во УКЛА.

7. Јадете 4 грама материи со растителни влакна во секој оброк

Начин на исхрана со многу продукти кои содржат растителни влакна може да го намали внесувањето на калории без да чувствувате дека се лишувате од нешто. Во едно проучување на Универзитетот Тафс, кај жените кои дневно јаделе 13 грама продукти со растителни влакна или помалку, имало пет пати поголема веројатност да имаат прекумерна тежина, отколку оние кои јаделе повеќе таква храна. Експертите гледаат голем број механизми преку кои со ваквата храна се поттикнува губењето тежина. Тие можат да го забават јадењето зашто бараат повеќе џвакање, го забрзуваат поминувањето на храната преку дигестивниот тракт и ги зголемуваат хормоните за ситост. За да внесете 25 г. храна со растителни влакна на ден, изедете шест оброци, од кои секој содржи по околу 4 г. растителни влакна, а тоа не е воопшто многу и нема да ви пречи. Во šшто има растителни влакна? Речиси во секој зеленчук и овошје. За ужини надвор од дома, купете овошје а не кифла или хамбургер, тоа е позгодно отколку зеленчук, и тоа е полесен начин за внесување материи со растителни влакна. Едно големо јаболко има исто толку растителни влакна (5 г.) колку и чаша свежи брокули.

И на крајот како заклучок. Една неодамнешна студија сугерира дека тајната за подолг живот и олободувањето од вишокот килограми без гладување и диети, можеби, едноставно е едно ново толкување на една стара, позната и вистинита изрека: внимавај што јадеш! Придобивка од тоа е подобро здравје и подобро расположение.

Оваа статија е преземена од списанието за наука и техника ЕМИТЕР

- Реклама -