Око создадено во лабораторија

очиДел од око бил создаден во лабораторија, со што се отвараат нови можности за трансплантации и надеж за милиони луѓе со оштетен вид. Мрежницата – тенката обвивка која е осетлива на светлина – била создадена во процес кој експертите го викаат неверојатно постигнување.

Пациенти кои страдаат од оштетувања на видот предизвикани од старост се оние кои би можеле да имаат придобивка од овој процес. Јапонските научници употребиле „чисти“ ембрионични матични клетки, кои можат да се претворат во било каква клетка, како почетен материјал. Тие потоа на клетките додале коктел од протеини и хемикалии со кои ги натерале клетките да се развијат во дел од око.

Иако добиената мрежница не созреала, било постигнато нивото на развој кое се среќава кај бебињата непосредно пред да бидат родени. Експериментите, направени од RIKEN Центарот за Развојна Биологија во Кобе, биле извршени на лабораториски глувци. Научниците сè уште немаат покажано дека клетките функционираат. И покрај ова британскиот очен експерт Робин Али, професор на University College London, изјавил: „Ова е навистина значајно постигнување.“

Прочитајте и:  Ботаничко дуо | Софка и Дани

Тој додал: „Да се види таа прекрасна структура во лабораториски сад е апсолутно неверојатно.“ Тој верува дека тестови на луѓе би можеле да бидат направени за пет години. За само 10 до 20 години, синтетички мрежници би можеле да бидат употребени за поправање на оштетен вид. [Eye grown from stem cells: Scientists grow retina in lab bringing vision transplants closer]

- Реклама -