10 знаци дека премногу вежбате

вежбањеИако е повеќе од јасно дека вежбањето го поткрепува вашето здравје, народната поговорка: „Многу арно, не е на арно“, важи и за оваа област. Доколку претерате со вежбање, тогаш можете да си нанесете штета, наместо да си го подобрите здравјето.

Иако е повеќе од јасно дека вежбањето го поткрепува вашето здравје, народната поговорка: „Многу арно, не е на арно“, важи и за оваа област. Доколку претерате со вежбање, тогаш можете да си нанесете штета, наместо да си го подобрите здравјето.

Вежбање

1. Пад на перформансите

Варијација во перформансите при вежбањето е првиот знак за истоштеност. Намалените резултати најбргу и најлесно се забележуваат во спортовите во кои се бара издржливост, како трчање, пливање и велоспедизам.

2. Незаинтересираност за вежбање

Доколку се случи да ви опадне мотивациајта или да започнете помалку да уживате во вообичаената физичка активност, тоа може да биде знак за исцрпеност. Ова најчесто се случува кај боди билдерите, спринтерите и фудбалерите, кај кои најважни се силата и брзината.

3. Промени во расположението

Депресија, гнев, збунетост, анкциозност, раздразливост се некои од раните знаци за преголем стрес врз телото. Тоа се должи на лачењето на истите хормони кои се лачат и кога сте под психички стрес.

4. Зголемено време на опоравување

Доколку по вежбањето имате болки во мускулите кои траат со часови, а понекогаш и со денови, тоа е добар знак дека ви е потребен подолг одмор.

5. Зголемување на нормалниот пулс

Кога ќе го оптоварите срцето, тоа работи побрзо, за да компензира. Доколку нормалниот пулс ви се покачил, на пример од 50 на 60 отчукувања во минута, тоа е добар знак дека сте го зголемиле стресот на вашето тело.

6. Замор

Ако се чувствувате изнемоштено, тогаш е повеќе од сигурно оти сте претерале со вежбањето и дошло до намалување на нивото на енергија. Понекогаш, добро е да се спроведе уште еден тренинг, затоа што тој може да ви го подигне нивотот на енергија (поточно, да се работи само за моментален пад), но од друга страна, ако се работи за замор, новиот тренинг само ќе ги влоши нештата.

7. Несоница

Прочитајте и:  За да го намалите ризикот од деменција, ограничете ја консумацијата на еден вид пијалок

Исто како што спиете во нередовни интервали и имате потешкотии да заспиете кога сте психички оптоварени, ќе имате проблеми со сонот доколку го пренапрегнете телото – иако луѓето што редовно, обично спијат како бебиња.

8. Намален апетит

Намалувањето на апетитот се јавува во средните и доцните фази на преоптоварувањето со вежбање. Истото оди заедно со падот на мотивацијата и заморот. Со забавување на метаболизмот, телото се обидува да ви каже дека треба да се намали физичкиот напор.

9. Зголемување на масното ткиво

Во текот на вежбањето, може да ви се случи да ја намалите телесната тежина, а да го зголемите процентот на масното ткиво. Ова се случува поради зголемените нивоа на стрес-хормоните. Тие го поттикнуваат зголемувањето на масното ткиво, а со текот на времето, ги инхибираат и хормоните кои го поттикнуваат развојот на мускулите. Намалувањето на мускулната маса е уште еден знак на преоптовареност. Тоа намалување ќе ја намали и вкупната телесна тежина, но воопшто не е добар знак, зашто вашето тело многу понеефикасно ќе ја согорува енергијата.

10. Ослабен имунолошки систем

Доколку ги игнорирате сите останати знаци за прекумерно вежбање и продолжите со истото темпо, тогаш по некое време ќе се соочите со ослабен имунолошки систем, почести воспаленија и зачестени повреди. Оптоварување на вашето тело на подолги периоди може да доведе до сериозни состојби, за кои понекогаш се потребни и месеци за опоравување. Хроничните воспаленија на пример, се поврзани со дијабетес, болести на срцето и рак. Затоа, грижете се добро за вашето тело и дајте му одмор кога тоа му е потребно.

- Реклама -