Гените се виновни за алкохолизмот

Повеќе...Иако речиси секојдневно го конзумираме, купуваме и продаваме – сепак само малку знаеме за тоа зашто секој различно реагира на алкохолот. Според најновите истражувања, гените имаат големо влијание врз алкохолизмот, односно на тоа колку брзо се опијануваме.

Иако речиси секојдневно го конзумираме, купуваме и продаваме – сепак само малку знаеме за тоа зашто секој различно реагира на алкохолот. Според најновите истражувања, гените имаат големо влијание врз алкохолизмот, односно на тоа колку брзо се опијануваме.

beerxВеројатно знаете такви личности кои се опијанети од само една чаша или две. Можеби и вие сте таква личност.

Па, во последниве декади, истражувањата кои беа извршени на студентите, покажаа дека таквите индивидуи се од една третина до една половина од оние кои најверојатно ќе развијат алкохолизам, за разлика од оние кои можат многу да испијат без да се чуствуваат пијано.

Сега научниците идентификуваа ген кој има голем (ама навистина голем) ефект на тоа како луѓето реагираат на алкохол, вели Кирк Вилхелсмен, автор на трудот во магазинот „Alcoholism: Clinical and Experimental Research“. Околу 10 до 20 проценти од популацијата има верзија од овој ген кои ги прави нивните мозоци особено сензитивни на алкохол. Во откритието, Вилхелсем вели: „ова го менува нашето размислување за тоа како луѓето реагираат на алкохол“. Иако откритието не нуди никаков метод за лечење, тој вели: „моите очекувања се дека ова всушност ќе води некаде“.

Прочитајте и:  Три клучни знаци на нарцизам во врска кои не треба да ги игнорирате

Овој ген го има отпечатокот на енизмот наречен CYP2E1, познат дека го има во метаболизимираниот алкохол етанол, како и во други молекули, како на пример ацетоминопенот Таленол и никотинот. Луѓето кои ја носат верзијата на CYP2E1 генот, нивната зголемена сензитивност на алкохол придонесува за поголемо производство на неговиот ензим.

„Ензимот дејствува во мозокот, кој не е важен дел од алкохолнот метаболизам“, вели Вилхелсмен. Кирк Вилхесмен исто така е и професор по генетика на Универзитетот во Северна Каролина. „Друг ензим, кој е во дробот, ја прави целата важна работа во варењето на алкохолот“, тој вели. Но, ензимот CYP2E1 реагира колку е мозокот сензитивен на алкохол, бидејќи – за разлика од ензимот во дробот – генерира слободни радикали и ситни молекули кои ги оштетуваат ќелиите.

- Реклама -