Пушачите кои имаат доволни количини Б6 витамин и одредени есенцијални аминокиселини во крвта имаат помал ризик од заболување од рак на белите дробови, е заклучокот на најновото истражување на британската Агенција за истражување на ракот (IARC).

Научниците од IARC велат дека тој податок е можеби клучен во објаснувањето зошто некои пушачи заболуваат од рак, а некои не. Во студијата направена врз 400.000 луѓе се покажало дека високото ниво на витаминот Б6 и аминокиселината метионин го намалува ризикот од заболување од рак за половина.
Ракот на белите дробови е најчеста болест во светот и 90% од сите случаи се предизвикани од пушењето. Секој седми пушач ќе заболи од таа болест што е исклучително поразителна статистика за пушачите.
Научниците во истражувањето вклучија 900 заболени од рак на белите дробови, од кои најголем број биле пушачи и утврдиле дека пониското ниво на витаминот Б6 и аминокиселината метионин го зголемува ризикот за заболување. Витаминот Б6 и метионинот се наоѓаат во месото, рибата, јаткастите плодови, пченичните никулци и бананите. [Good news for smokers: Lung cancer risk could be halved by taking B vitamin]