Пивото ги јакне коските

woman_drinking_beerИстражувањата покажаа дека пивото е добро за коските и помага во спречувањето на остеопорозата, но тоа зависи од типот на пиво кое се конзумира.

beerИстражувањата покажаа дека пивото е добро за коските и помага во спречувањето на остеопорозата, но тоа зависи од типот на пиво кое се конзумира.

Наводно, редовното конзумирање пиво помага во јакнење на коските и со тоа се спречува нивното пукање во подоцнежните години. Тоа е така зошто пивото претставува важен извор на силициум кој ја подобрува минералната густина на коските.

Експертите велат дека пивото е еден од главните извори на силициум во прехраната – речиси половина од силициумот во пивото може да се апсорбира во телото. Според податоците на медицинските истражувања, силициумот е многу важен за развој на коскениот систем во организмот, така што авторите на истражувањето сметаат дека умереното конзумирање пиво може да потпомогне и во лечење на остеопорозата.

Прочитајте и:  Три најздрави намирници за мозокот, според лекарите

На Универзитетот Калифорнија стручњаците анализираа стотина комерцијални пива после што се заклучи дека најмногу силициум има пивото со слад и хмељ. Колку е посветло и послабо пивото толку е подобро бидејќи содржи повеќе силициум. Темните и јаки пива немаат многу силициум бидејќи се  прават од јачмен што претходно е пржен. Пченичното пиво има уште помалку силициум бидејќи самата пченица го содржи помалку од јачменот. [Drinking beer could help prevent weak bones]

- Реклама -