Трикови за намалување на телесната тежина

ЗдравјеТелесната тежина не се контролира единствено со вежбање. Со мали подесувања на вашите навики, можете да се ослободите од 18 до 20 килограми на годишно ниво.

Телесната тежина не се контролира единствено со вежбање. Со мали подесувања на вашите навики, можете да се ослободите од 18 до 20 килограми на годишно ниво.

ЗдравјеРазмрдајте се!

Една студија покажа дека луѓето кои постојано ги движат стапалата, имаат тенденција да се стојат и да се движат, наместо да седат. Овие луѓе, во просек трошат по 350 калории повеќе дневно од оние што седат.

Ограничете го поголемиот дел од оброците на 400 калории

Сите нутриционисти препорачуваат редовни и мали оброци во текот на денот. Со ограничување на оброците на 400 калории, се ослободувате од можноста за прејадување, телото подобро ви реагира на инсулинот, а ќе ви се намалат и проблемите со нивоата на холестеролот.

Напуштете ја монотонијата

Прочитајте и:  Ѓоковиќ година и пол бил на ригорозна диета: Не јадел 16 часа дневно, а денот го започнувал со овој пијалок

Зголемете го интензитетот на секојдневните обврски. Покажете повеќе ентузијазам кога чистите со правосмукалка, кога го шетате кучето, а понекогаш едноставно пуштете музика и размрдајте се.

Пијте 8 чаши вода дневно

Водата, покрај тоа што ви ја гаси жедта, ќе ви го забрза метаболизмот. Побрз метаболизам – помала телесна тежина.

Користете ги скалите

Наместо со лифтови, одете по скали. Оваа навика не само што ќе ви согорува повеќе калории, туку ќе ви зацврсти и нозете.

Ќесите од продавница, користете ги како тегови

Наполнете 2 ќеси рамномерно и носете ги во двете раце. На тој начин, одењето во продавница ќе ви стане начин да ги повежбате рацете, без вежбање.

- Реклама -