Зошто чувствуваме лажен глад?

ЈадењеПонекогаш чувствуваме глад, иако реално немаме потреба за храна. Постојат добри причини за ваквата појава. Проверете кои се и како да ги контролирате.

Понекогаш чувствуваме глад, иако реално немаме потреба за храна. Постојат добри причини за ваквата појава. Проверете кои се и како да ги контролирате.

Јадење– Конзумирање погрешна храна

Понекогаш, веднаш по голем оброк, се случува да почувствувате глад. Ако сте јаделе храна во која се содржат едноставни јаглехидрати, но не и растителни влакна, протеини или корисни масти (состојки што даваат чувство на ситост) и веднаш потоа почувствувате глад, тоа е затоа што ви се намалило нивото на шеќер во крвта. За да се справите со проблемот, изеде парче овошје, неколку ореви или лешници, малку сирење или пак половина сендвич кој претежно ќе се состои од леб.

– Емоционален глад

Кога се чувствувате особено емотивни, можно е да дојде до ненадејна појава на глад. Во тие случаи, најдобро ќе се справите со него, така што ќе излезете на прошетка, ќе му се јавите на некој пријател, ќе појдете на некое место каде што нема пристап до храна и нема да паднете во искушение да го задоволите гладот кој реално и не постои. Џвакањето гуми за џвакање исто така може да го реши имагинарниот глад.

– Глад поради поспаност

Прочитајте и:  За да го намалите ризикот од деменција, ограничете ја консумацијата на еден вид пијалок

Во текот на ноќта (или кога ќе стигнете до точката пред заспивање) нивоата на хормоните кои се одговорни за чувствата на глад и заситеност се менуваат и вие може да почувствувате ненадеен глад. Ова најчесто се должи на премореноста во текот на денот. Најчесто, кога сте преморени, се обидувате да го надоместите тоа со големи количини храна. Но, таа храна ќе ви даде само моментален енергетски импулс, а подоцна, кога ќе посакате да заспиете, организмот ќе побара уште енергија, по што ќе немате друг избор освен да јадете пред спеиње – нешто што и не е така здраво за вас. Затоа, следен пат кога ќе ви снема енергија во текот на денот, каснете малку, прошетајте, излезете на воздух, дишете длабоко. Телото ќе најде начин да се нормализира.

– Мешање на глад и жед

Понекогаш, кога сте жедни, можно е тоа да го помешате со глад, а всушност да се работи за блага дехидрација. Затоа, пред да започнете со јадење (иако знаете дека веќе сте јаделе и реално не ви е потребен нов оброк), напијте се чаша или две вода, за да се осигурите дека се работи за вистинската потреба.

- Реклама -