Согорувајте повеќе калории со секојдневните навики

ВежбањеНекои луѓе, колку и да сакаат, едноставно немаат време во дневните распореди што можат да го одделат за вежбање. Затоа, неколку едноставни совети како да согорувате повеќе калории со помош на вашите секојдневни навики.

Некои луѓе, колку и да сакаат, едноставно немаат време во дневните распореди што можат да го одделат за вежбање. Затоа, неколку едноставни совети како да согорувате повеќе калории со помош на вашите секојдневни навики:

ВежбањеУпотребувајте ги скалите

Секогаш кога сте исправени пред дилемата – лифт / ексалатор или скали, качете се по скалите. Можеби изгледа мачно, но по една недела употребување на скалите, ќе заборавите дека електрониката воопшто постои, а и вашето тело ќе ви биде благодарно.

Одете да си купите храна – не нарачувајте достава!

Храната што ви ја доставуваат ви заштедува време, но имајте на ум дека потоа продолжувате да седите зад бирото и за сето тоа време трошите многу малку калории. Одете до омиленото место и сами земете си ја храната. Којзнае, можеби така ќе ви изгледа и повкусно.

Лице в лице

Прочитајте и:  Консумирањето алкохол поврзано со 6 видови на рак

Наместо да испраќате мејл до колегата на спротивната страна од канцеларијата или на друг кат, појдете до неговото биро / канцеларија и соопштете му ја информацијата лично. Запомнете, малите нешта прават голема разлика.

Зголемете го тонот

Слушајте музика додека работите низ дома (миете садови, правите вечера, чистите итн.) и слободно заиграјте си. Танцувањето додека правите нешто друго е одличен начин да согорите некоја калорија плус.

Пијте вода

Водата е важна за правилно функционирање на организмот. Направете пауза од зашеќерените кафиња, газираните пијалаци и др. висококалорични напивки и вратете се на водата. Ништо не може да е толку добро за вас колку водата.

Возете велосипед

Ако работите блиску до онаму каде што живеете, одете со велосипед. Исто така, користете го велосипедот за одење до продавница, за куси прошетки и сл. Не попусто се вели дека тоа е превозното средство на иднината.

- Реклама -