Здравите производи ги губат своите својства

Сок од портокалНесоодветно чување, а понекогаш – едноставно текот на времето предизвикува здравите производи да ги изгубат својствата. По колку време? Проверете овде.

Несоодветно чување, а понекогаш – едноставно текот на времето предизвикува здравите производи да ги изгубат својствата. По колку време? Проверете овде.

Сок од портокалСокот од портокал ги губи својствата за 1 седмица

Една чаша квалитетен сок од портокал ги задоволува дневните потреби на организмот за витамин C. Но, откако ќе го отворите, по 1 седмица тој ги губи антиоксиданските својства. Затоа, се препорачува негово конзумирање во не повеќе од 2-3 дена.

Зелениот чај
ги губи својствата за 6 месеци

Зелениот чај содржи силни антиоксиданси во себе. Но, по 6 месци, тие испаруваат и чајот веќе не ефективен. Затоа, чувајте го чајот во затворен сад, на суво и темно место.

Маслиновото масло
ги губи својствата за 6 месеци

Прочитајте и:  Храна која може да доведе до затнување на артериите

Иако во маслиновот масло има околу 45% масти што го одржуваат здравјето на срцето, нивното антиоксидантско својство исчезнува за околу 6 месци, поради тоа што во него навлегуваат меурчиња воздух. Кислородот ги оксидира антиоксидансите и маслото задржува помалку од 10% од гореспоменатите масти. Совет: конзумирајте го побрзо, т.е. купувајте помали шишиња.

Медот
ги губи својствата за 6 месеци

Медот е исклучително богат со антиоксиданси. Но, откако ќе ја отворите теглата, по истиот принцип како и кај маслиновото масло, својствата се намалуваат за 40-50% во рок од 6 месеци. Оттаму, повторно се препорачува брза конзумација (во разумен рок).

- Реклама -