8 трикови за цел ден да бидете полни со енергија

Енергија Понекогаш се чувствувате како да ве прегазил воз, иако не сте правеле ништо што би ве исцрпило. Тоа се должи на кумулативното истоштување, кое настанува како последица на незгодните навики, а не на некоја тешка физичка работа. Затоа, ви пренесуваме 8 едноставни трикови кои ќе ви помогнат да си ја повратите енергијата и да останете свежи во текот на целиот ден.


Понекогаш се чувствувате како да ве прегазил воз, иако не сте правеле ништо што би ве исцрпило. Тоа се должи на кумулативното истоштување, кое настанува како последица на незгодните навики, а не на некоја тешка физичка работа. Затоа, ви пренесуваме 8 едноставни трикови кои ќе ви помогнат да си ја повратите енергијата и да останете свежи во текот на целиот ден.

Енергија1. Будење

Никогаш не практикувајте да спиете додека има можност за тоа. Секогаш станувајте во (приближно) ист период. Вашето тело има внатрешен часовник кој го раководи биоритамот. Кога тој работи во еднаков ритам, тогаш свежината ќе биде на високо ниво.

2. Храна

Наместо да се најадете со јаглехидрати, оставете повеќе место за протеини. Јаглехидратите даваат инстант енергија, но веднаш потоа, откако таа ќе биде апсорбирана, следува брз пад. Протеините, од друга страна, ќе ве „држат“ далеку подолг период.

3. Пиење кафе

Наместо да пиете кафе веднаш по станувањето, сторете го тоа кога навистина ќе ви биде потребно. Кофеинот ви овозможува да функционирате на повисоко ниво, така што ви ја зголемува концентрацијата, преку блокирање на аденозинот – супстанца која се таложи во мозокот како што изминува денот, а која предизвикува потреба за спиење.

4. Период на оброци

Прочитајте и:  Колку јајца можете да јадете на ден ако имате висок холестерол?

Како и во случајот со будењето, така и со оброците, многу е важно да се одреди приближно еднаков период кога тие ќе се случуваат. Ништо не го осигурува вашето здравје како беспрекорното одржување на биоритамот.

5. Ослободување од стресот

Наместо да медитирате половина час (што ќе ве смири, но и многу веројатно ќе ве заспие), направете го тоа неколку пати во текот на денот, во куси интервали од по неколку минути.

6. Справување со попладневната криза

Наместо да „дремнете“, излезете надвор и прошетајте половина час. Иако можеби ви изгледа поосвежувачки да отспиете еден час, последиците од сонот ќе бидат желба за уште сон и потоа наместо освежени, ќе бидете поспани сè до легнувањето.

7. Наполнете се со енергија пред вежбање

Наместо да изедете мал оброк, обидете се со музика. Музиката има непобитно силен ефект врз психата на луѓето, па со нејзина помош можете да се „наелектризирате“ пред физичкиот напор.

8. Релаксирајте се пред спиење

Наместо пред спиење да седнувате на интернет за да ги проверите статусите на фејсбук, да размените по некој мејл или да „видите што има ново“, легнете и гледајте телевизија или прочитајте некоја книга. Ефектите ќе ви станат очигледни уште по првата вечер.

- Реклама -