Ефективно вежбање за само 10 минути!

Вежбање Немате време за да одите во теретана неколку пати неделно? Тогаш не морате. Почнете да вежбате дома, не повеќе од 10 минути дневно. Ефектите во секој случај ќе бидат подобри отколку ако воопшто не вежбате. Особено ако вежбите ви се добро осмислени – како овие.


Немате време за да одите во теретана неколку пати неделно? Тогаш не морате. Почнете да вежбате дома, не повеќе од 10 минути дневно. Ефектите во секој случај ќе бидат подобри отколку ако воопшто не вежбате. Особено ако вежбите ви се добро осмислени – како овие:

ВежбањеПотребна опрема: Две тегчиња со тежина помеѓу 2 и 4 килограми.

1 минута:
Џогирајте во место.

1 минута:
Држете ги теговите в раце вертикално, а рацете испружени на страна. Клекнете како да седнувате на стол, задржете се 3 секунди, а при станување, свиткајте ги рацете кон градите. Повторувајте до истекот на минутата.

1 минута:
Потпрете се на стол со коленото, во рацете држете ги теговите, а телото поставете го во паралела со подот. Отпуштете ги рацете удолу, а потоа дигајте ги наизменично угоре. Повторувајте.

3 минути:
Теговите в раце, рацете крај телото. Од исправена положба, исфрлете ја едната нога напред, потклекнете, задржете се така неколку секунди (рацете при клекнувањето испружете ги на страна), а потоа вратете се назад. Повторувајте наизменично со обете нозе.

1 минута:
Правете склекови (на подот или спроти ѕидот, зависи од моменталната форма во која се наоѓате).

3 минути:
Подлактиците и прстите од стапалата треба да ви се на подот, а вие во лак. ’Рбетот исправен, стомачните мускули стегнати. Држите неколку секунди. Потоа седнувате на потколениците, се склопчувате и ја допирате земјата пред вас со дланките. Повторувате до 3 минути.

Прочитајте и:  Три најздрави намирници за мозокот, според лекарите
- Реклама -