4 разрешени митови за летната храна

Лубеница Во циркулација се безброј митови за храната, а особено за храната во лето и како таа би требало да се конзумира. Овде, ќе разгледаме 4 од најпопуларните митови и нивните разрешници од страна на научниците.

Во циркулација се безброј митови за храната, а особено за храната во
лето и како таа би требало да се конзумира. Овде, ќе разгледаме 4 од
најпопуларните митови и нивните разрешници од страна на научниците:

Лук
4. Јадењето лук ги брка комарците

Истражувачите од универзитетот Конектикат го тестираа овој мит и истиот беше разбиен. Не, јадењето лук нема да ги избрка комарците! Но, изедете доволно и миризбата речиси сигурно ќе ги избрка луѓето околу вас.

Лубеница
3. Лубеницата не е хранлива, во неа нема ништо освен вода

Точно е дека лубеницата е 92% вода, но далеку од тоа дека не е хранлива. Во неа се содржи убава количина витамин C, како и една состојка наречена ликопин која е антиоксиданс и помага во борбата против одредени типови рак.

Прочитајте и:  Храна која може да доведе до затнување на артериите

Сладолед
2. Лижењето сладолед дава поголемо задоволство отколку јадењето на истиот со лажичка

Вкусот на сладоледот се ослободува кога маснотиите кои се смрзнати, во допир со јазикот, ќе се загреат до, барем собна температура. Лижејќи, го обложувате јазикот со сладолед и тој брзо се растопува, што инстантно предизвикува задоволство. Јадењето со лажичка не е исто, затоа што лажичката претставува своевиден изолатор. А, секако, тука е и психолошкиот момент – пролонгирање на задоволството. Не можете да излижете сладолед толку бргу колку што можете да го искркате.

Малини
1. Антиоксидансите во малините помагаат во одржувањето на здравјето на вашето срце

Во малините се содржани два антиоксиданси кои го зголемуваат нивото на добриот холестерол, што директно е врзано со здравјето на срцето. Истите антиоксиданси помагаат во регулацијата на крвниот притисок. Згора на тоа, малините се вкусни, полни со витамин C и имаат висока концентрација на растителни влакна.

На здравје!

- Реклама -