Без разлика колку некој вид храна или пијалак е добар за вас, штом ќе дојде летото, важат други правила. Во лето, вистинската исхрана може да ви помогне побрзо да трошите масти, да ги зацврстите мускулите и што е веројатно најважно – да се чувствувате одлично. Следи листата на осумте видови храна и пијалаци совршени за фитнес во летниот период.
Без разлика колку некој вид храна или пијалак е добар за вас, штом ќе
дојде летото, важат други правила. Во лето, вистинската исхрана може да
ви помогне побрзо да трошите масти, да ги зацврстите мускулите и што е
веројатно најважно – да се чувствувате одлично. Следи листата на осумте
видови храна и пијалаци совршени за фитнес во летниот период:
Ананас и папаја
Добри се за: опоравување на мускулите.
Обете тропски овошја се полни со броомелан и папаин, ензими кои не само што ги разградуваат протеините за дигестија, туку имаат и антивоспалителни ефекти, што ќе ви помогне во опоравувањето по секое вежбање.
Добра е за: кардиоваскуларен фитнес.
Истражување во Австралија покажа дека велосипедистите кои конзумирале рибини масла 8 недели по ред имале помал пулс и користеле помалку кислород отколку оние кои се хранеле како и пред тоа. Рибините масла треба да навлезат во мускулите и во клетките од срцето за да започнат да имаат ефект, а за тоа треба редовно да конзумирате риба или пак капсули со рибино масло, по неколку пати неделно и нормално, да имате трпение.
Тестенини со сос со месо
Добри се за: градење мускули, како и нивно опоравување.
Совршената храна за по тренинг има 400 калории, од 20 до 30 грама протеини (за градење нови мускули) и од 50 до 65 јаглехидрати (за опоравување на мускулите). Мала порција тестенини со сос со месо влегува совршено во овој профил.
Свинска кртина
Добра е за: намалување на обемот на струкот.
Конзумирањето храна богата со протеини, а со пониска калорична вредност е начинот на кој најдобро можете да го намалите обемот на струкот. Едно истражување во Америка потврди дека луѓето кои во текот на 6 месеци внесувале 20 грама повеќе од контролната група, имале во просек за 6% помал струк во сооднос со колковите.
Чоколадно млеко
Добро е за: хидратација.
Научниците открија дека чоколадното млеко овозможува многу подобра рехидратација по спортска активност отколку водата. Зошто? Како прво, млекото има далеку повеќе електролити и калциум, а додатокот од чоколадо дава совршен баланс од протеини, јаглехидрати и масти за најбрзо можно опоравување на мускулите по вежбањето.
Студена вода
Добра е за: издржливост.
Пиењето студена вода пред и за време на вежбањето ја подобрува вашата издржливост. Во една британска студија било докажано дека велосипедистите кои испиле приближно 1 литар студена вода пред трка и пиеле мали количини од истата за време на возењето по влажни и жешки услови, успеале да возат 23% подолго, отколку оние кои конзумирале неизладени течности. Ова е прилично едноставно – студената вода ја намалува вашата температура и со тоа ви овозможува да вежбате подолго.
Зелен чај
Добар е за: опоравување на мускулите.
Истражување во Бразил покажало оти спортистите кои пиеле по 3 чаши зелен чај дневно имале помало оштетување на клетките од мускулите како последица на вежбањето. Затоа, пиењето неколку чаши дневно, ќе ви помогне побрзо да се опоравувате по тренинг.
А како што веќе видовме, зелениот чај игра значајна улога во забрзувањето на метаболизмот, трошењето калории, слабеењето…
Кафе
Добро е за: ублажување болка.
Веројатно не очекувавте да видите кафе на една ваква листа, откако многумина потрошија толку многу време да ве исплашат со сите штетни ефекти кои кафето може да ги има врз вас. Но, најновото истражување покажа дека спортистите кои земале кофеин во таблети, еквивалент на 2 филџани кафе, по тренингот имале далеку помалку болки отколку кога земале лекови за смирување болки. Кофеинот ја блокира хемикалијата која ги активира рецепторите за болка и затоа е совршен ублажувач на истата.