Необични лекови за мамурлак

Повеќе... На различни места во светот користат различни необични лекови за мамурлук. Во некои случаи поимот „лек“ значи дека нема никогаш повеќе ни да помислите на алкохол доколку сте принудени наредното утро да земете некоја од овие работи.


На различни места во светот користат различни необични лекови за мамурлук. Во некои случаи поимот „лек“ значи дека нема никогаш повеќе ни да помислите на алкохол доколку сте принудени наредното утро да земете некоја од овие работи.


Во Германија – Маринирана харинга

Кисела или маринирана харинга е главната состојка во јадењето со кисел вкус кое го нарекуваат Rollmops. Сметајќи го за одличен начин да се ублажи јакиот мамурлук Германците го прават така што филети од малата бела риба се вткаат околу парчиња кромид и корнишон. Rollmop – те се дел од она што Германците го нарекуваат katerfrühstück или мамурниот појадок.

Прочитајте и:  Храна која може да доведе до затнување на артериите

Романија: Чкембе чорба
Во случај да не сте знаеле чкембето е желудник од крава и е една од главните лекови за многумина Романци кои страдаат од мамурлук. Тоа е исто така вообичаен „лек“ и во Мексико и Турција, а несомнено и во многу други земји. Но во Романија се приготвува во мрсна, солена супа со коренести зеленчуци, лук, киселина и крем.

Полска: Кисело,кисело
Полскиот мамурлук е во знакот на киселиот вкус. Поточно, кај нив лекот е поткиселено непастеризирано млеко кое стоело на собна температура еден до два дена или онаа многу кисела течност во која стојат корнишони.

Погледнете што се користи како лек за мамурлук на други мести во светот тука.

- Реклама -