Volvo и Ericsson прават „патен облак“ заедно

Volvo Car Group (Volvo Cars) и Ericsson се здружуваат за да развијат заеднички интернет-услуги за автомобилскиот сектор.

Таканаречениот „облак“ (Connected Vehicle Cloud), направен на основата на повеќенаменската платформа на Ericsson ќе доставува информации, забава, апликации и комуникациски услуги за моделите од шведската марка. Двете компании ќе работат заедно за да се изгради систем околу поврзување на возилото со интеренет мрежата. Сам по себе тој треба да одигра важна ролја во автомобилската сфера.

1

-Јасно е дека во најблиска иднина автомобилите ќе обезбедуваат исто ниво на дигитални услуги кои корисниците денес се навикнати да ги имаат на располагање во своите домови, па ваквите решенија по се изгледа се повеќе од потребни, изјави Хакан Самуелсон, шеф на Volvo Cars.

2

Благодарение на новата систем возачот ќе може да извади апликации, да резервира хотели, да се чекира за лет и да комуницира со партнерите преку т.н. „патен облак“ од платформата Ericsson.

3

Текстот е објавен во соработка соАвто Плус

- Реклама -