Subaru Highway Automated Response Concept (SHARC) победи на деветото издание на специјалниот дизајнерски конкурс Auto Design Challenge LA 2012, под мотото „магистрално полициско возило за 2025 година“.
Ова е интересен предизвик за дизајнерските студија кои се обидуваат да ги истакнат своите визии за иднината на разни теми, а последнава е навистина, впрочем како и сите досега, мошне оригинална и специфична, патролно полициско возило за 2025 година. Subaru Highway Automated Response Concept (SHARC) беше избран од повеќе проекти кои се најдоа во финалниот дел, дела на на дизајнерските одделенија на BMW во САД, General Motors, Honda USA, Honda Japan и Mercedes-Benz. Сите учесници беа оценувани од мултидисциплинарни професионалци за дизајн, а главните фактори за оценување беа: невременост, креативност, иновативни системи и околина.
Subaru SHARC беше претставен како достапно и еколошко возило кое оговара на строгите барања за јаглерод-неутрална заштита на животната средина во Хаваи. Тој се напојува со струја од обновливи извори на енергија и е целосно автономен.