Три најчести заблуди во кои жените веруваат

Имате лоша фризура? Верувајте, никому не му е важно тоа. Иако сите мислиме дека сме рационални суштества и дека го гледаме светот таков каков што е, вистината е дека веруваме во заблудите во кои сите останати луѓе веруваат.

Ако мислите дека точно знаете како функционираат работите, прочитајте ги следните три заблуди и ќе се убедите дека, всушност, не знаете толку колку што мислите дека знаете.

Сите гледаат во вас

Кога се чувствува несигурно, човекот автоматски помислува дека сите гледаат во него. Меѓутоа, сите луѓе од вашата околина си ја гледаат својата работа, а најмалку се грижат за вас и за вашите несигурности.

Ќе го запознаете принцот на бел коњ во кафуле

Лицата што ги запознавате додека пиете топло кафе најчесто ги паметите како топли и грижливи, но ако пиете ладно кафе со нив, тогаш веројатно ќе ги сметате за ладни и воздржани личности. Имено, кога се чувствувате топло, вашиот мозок така реагира и на луѓето што се околу вас и поради тоа ситуацијата со топлите пијалаци може и во емотивна смисла да се доживее како „врела“.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

Ја прекршивте диетата и тоа е катастрофа

Секој човек што држел диета знае како е да се биде разочаран кога силата да се издржи во режимот ќе попушти и ќе прекрши со некои забранети задоволства. Соочете се со храната што сте ја изеле и прифатете дека нема да може секогаш да се контролирате. Всушност, ако повремено изедете мала количина чоколада ќе бидете посреќни, а тоа е поважно од стомачето, нели?

- Реклама -