Audi размислува за развој на нов суперавтомобил кој ќе биде позициониран над R8. Возилото, најверојатно ќе го добие името R10 и ќе треба да им конкурира на автомобили како McLaren P1, Porsche 918 Spyder и Ferrari F70.
„Дефинитивно има место за едно вакво возило во гамата на Audi. Доколку тој биде хибрид каде комбинацијата ќе биде со дизел агрегат и електромотори, ќе стане хит на пазарот“, изјави шефот на оддлението за развој на Audi, Волфганг Дорхајмер.
Се очекува автомобилот да добие технологии, применети кај тркачката верзија R18 e-tron. Се тврди дека Audi R10 ќе располага со комбинирана моќност од 700 КС и 1000 Nm вртежен момент. Овие карактеристики ќе му обезбедат забрзување до стотка за околу три секунди и максимална брзина од над 320 km/h.
Во исто време, возилото со хибриден погон ќе има повеќе од прифатлива потрошувачка и рекордно ниски штетни емисии.