Mercedes-Benz планира да користи дизел мотори на Renault за следната, четврта генерација на C-класата. Се очекува новината да се најде на пазарот во 2015 година, а во палетата мотори ќе бидат вклучени новите 1,6 и 1,8 литарски агретати кои се заеднички развиени од германско-француската корпорација.
Гамата на C-класата ќе добие француски мотори, како дел од договорот меѓу концернот Daimler и Алијансата Renault-Nissan, формирана во 2010 година. Во рамките на ова партнерство автомобилски производители развиваат исто така и 1,2-литарски бензински и 1,5-литарски дизел мотори, кои исто така ќе се вградуваат во моделите на Mercedes-Benz, а и во оние на Renault. Ќе има и хибридна модификација, со која следната генерација на C-класата ќе може да мине на електрична енергија до 30 километри.
Четвртата генерација на моделот ќе располага уште со новоразвиен адаптивен круз-контрол со функција за автоматско запирање и промена на лентата на движење по потреба, а исто така и со 9-брзински автоматски менувач. Овој менувач ќе биде вградуван и на новата E-класа. Во споредба со досегашниот модел, новата C-класа ќе биде со 10 cm подолга и со 4 см поширока. Растојанието меѓу двете оски ќе порасне за 8 см.