Не е грешка ако помислите дека Џонатан Трап е всушност Карл Фредериксон од филмот UP на Pixar.
Исто како и Фредериксон, Трап е балонист кој сака да лета наоколу со китка балони. Неговата следна желба е да го премине Атлантскиот Океан. За промоција на неговото следно патување, Трап се здружил со Casasyes за да создаде реплика на куќата од филмот за Меѓународниот Фестивал на Балони Леон во Мексико.
Токму така, тие ќе градат куќа која ќе може да лета со балони. Иако National Geographic веќе го направи ова, сепак е пријатно да се види кога некој реплицира нешто видено во еден од филмовите на Pixar. Следното лето Трап планира да патува околу 4000 километри преку Атлантикот со 365 големи балони полни со хелиум поврзани на кајче, летајќи на висина помеѓу 5,5 и 7,5 километри.
Тој е посветен балонист кој во моментов е носител на рекордите за најголема китка балони, лет преку Алпите, најголемо растојание прелетано со балони и лет од Англија до Белгија. Сепак ова е неговиот најамбициозен подвиг. Пет луѓе умреле во обид да прелетаат преку Атлантикот со балони и никој не успеал да го заврши летот со китка балони.