По појавата на аудио наркотиците помеѓу младите во Русија, деновиве и нивните американски врсници се поврзуваат на интернет во потрага по MP3 фајлови кои предизвикуваат состојба на екстаза.
По појавата на аудио наркотиците помеѓу младите во Русија, деновиве и нивните американски врсници се поврзуваат на интернет во потрага по MP3 фајлови кои предизвикуваат состојба на екстаза.
Според Oklahoma News 9, феноменот е наречен „е-дозирање“ и вклучува наоѓање на онлајн дилер кој ги поврзува тинејџерите со „дигиталната дрога“ што се прима преку слушалки, со помош на биневрална технологија која влијае на мозокот и психичката состојба.
Е-дозирањето вклучува слушање на „музика“ со чудна бука, звук кој предизвикува хај. Тинејџерите слушаат траки како „Gates of Hades“, која е достапна на YouTube бесплатно (да, првата доза е секогаш гратис!).
{youtube}en1asB1haQM{/youtube}
Оние што сакаат да станат зависни од оваа „дрога“ може да купат аудио траки кои наводно ги предизвикуваат истите ефекти како марихуана, кокаин, опиум и пејоте. Додека уличните дроги ретко доаѓаат со прирачник, потенцијалните корисници на дигитална дрога можат да купат и водич од 40 страници за да научат како правилно да добијат дигитален хај од MP3 фајловите.
Јавното училиште Мустанг од Оклахома отиде до таму што ги забрани iPod направите во просториите на училиштето, со цел да ја спречи појавата на сајбер-зависници.
{youtube}PZcgUEkBIX0{/youtube}
{youtube}7Cjw8DbIuww{/youtube}
Има многу прашања околу оваа нова појава. Како ќе познаете дали некој се дрогира или слуша песна од Џастин Бибер? Дали iPod-от е бонгот на иднината? Што ќе се случи ако ја пуштите песната на звучници во јавност? Дали може да се предозираш на Silent disco забава? Што ако некој ви продаде „расипана роба“?
Уште поважно, што ќе се случи кога тинејџерите од MP3 ќе прејдат на нешто посилно како Aphex Twin? Останува да почекаме и да видиме, а дотогаш можеме само да се надеваме дека оваа нова дрога нема да биде порта кон опасни психоделични бендови како Pink Floyd. [Wired]