Поради актуелните тензии нема да има публика на натпреварите од 17. и 18. коло во ПМФЛ

Комисијата за натпревари во рамки на Фудбалската федерација на Македонија по барање на Министерството за внатрешни работи (МВР) донесе одлука натпреварите од 17. коло и 18. коло во Првата македонска фудбалска лига да се играат без присуство на публика.

Утре од 13 часот ќе се играат натпреварите од 17. коло, додека на 8 декември се закажани средбите од 18. коло.

Одлуката на Комисијата за натпревари е донесена поради извршена проценка на Министерството за внатрешни работи заради неодамнешните случувања и спречување на било каков вид на насилство и недолично однесување пред, за време и по одигрување на фудбалските натпревари, информира ФФМ.

Инаку, првичниот термин за натпреварите од 17 коло беше 1 декември од 13 часот.

Прочитајте и:  41-годишен скопјанец со керозин и плински боци го подметнал пожарот во Адвокатската комора, веднаш потоа избегал од државата
- Реклама -