Неколку од функционерите именувани од Трамп добиле закани, меѓу нив и со бомби

Неколку номинирани и именувани функционери во идната администрација на новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, биле цел на насилни закани, вклучително и закани со бомби, изјави денеска портпаролката на Трамп, Каролин Ливит.

Според неа, заканите биле упатени синоќа и денеска, а органите на редот реагирале брзо за да ја осигураат безбедноста на луѓето кои биле цел на заканите.

Ливит не прецизираше кој ги добил заканите.

Прочитајте и:  Запрен судскиот процес против Трамп за обидите да го поништи резултатот од изборите во 2020 година
- Реклама -