По најавата за царини, Канада го потсети Трамп дека земјата има „суштинска улога во снабдување на САД со енергетски ресурси“

Канада потсети дека земјата е „суштинска за снабдување со енергетски ресурси“ на САД, откако новоизбраниот претседател Доналд Трамп ја објави својата намера да воведе царини од 25 отсто на соседната земја на неговиот прв ден како шеф на државата.

„Нашиот однос е избалансиран и взаемно корисен, особено за американските работници“, се вели во соопштението на канадската вицепремиерка Кристиа Фриланд, додавајќи дека Отава ќе продолжи да „разговара за тие прашања со новата американска влада“.

Таа посочи дека Канада става висок приоритет на граничната безбедност и чувањето на заедничката граница, но не ги спомна заканите на Трамп за нови царини.

Новоизбраниот американски претседател на својата социјална мрежа „Truth Social“ се закани дека ќе воведе нови царини за Канада, Мексико и Кина,(25%) што ќе останат во сила „додека дрогата, особено фентанилот и илегалните имигранти не престанат да ја поплавуваат нашата земја!

Прочитајте и:  Џо Роган: Бајден и Зеленски сакаат светска војна, Кличко му одговори - тоа е руска пропаганда

Извор од канадската влада изјави дека Трамп и канадскиот премиер Џастин Трудо имале „добар разговор“ синоќа, но не објасни за неговата содржина.

- Реклама -