Млад Србин постави бесплатни чадори и ги освои срцата на неговите сограѓани (ВИДЕО)

Лука Алериќ од Панчево, Србија, ги освои своите следачи на Тикток со неодамнешниот свој гест. Имено, за време на дождливите и снежните денови, тој постави бесплатни чадори во центарот на градот, сакајќи да им помогне на своите сограѓани, особено оние кои не беа подготвени за новите временски услови.

– Се надевам дека барем малку им помогнав, напиша 25-годишниот Лука.

@aleric.luka

Nadam se da sam im pomogao malo #fy #foryou #pancevo #lukaaleric #pancevo❤️ #foryoupage #srbija #balkan #serbia

♬ original sound – aleric.luka

Под неговото видео, следеа коментари: „Лука е прекрасен, многу луѓе треба да се угледаат на него“, „Браво, вака се сака градот“, „Само продолжи така“, „Прекрасно е што мислиш на своите сограѓани“, „Среќа е кога некој мисли и се грижи за тебе – тоа се луѓе со душа“, „Браво, секоја чест за тебе“, „Ти си крал“…

Лука привлекува внимание со слични гестови на љубезност и добрина кон другите луѓе. За него, тоа се „најслатко потрошени пари, бидејќи се дадени со љубов“, како што рече самиот во друго видео.

- Реклама -