37
Миењето коса на многумина им е омилен дел од одењето во фризерски салон, бидејќи е релаксирачко и пријатно, но ова задоволство всушност може да биде опасно по живот, а сè зависи од една клучна работа. Мозочниот удар се појавува како резултат на оштетување на крвните садови на мозокот, кога протокот на крвта во мозокот е отежнат или целосно оневозможен.
Ако вратот е свиткан во многу непријатна и невообичаена положба над лавабото во текот на миењето на косата во фризерскиот салон, тоа може да ги оштети артериите на вратот и да го ограничи протокот на крвта во мозокот.
Феноменот се нарекува „синдром на мозочен удар во козметички салон“ и за него предупредуваат експерти низ светот.
„Непријатното свиткување на вратот наназад над лавабота за миење на косата може да ги оштети артериите на вратот, што може да го ограничи протокот на крвта во мозокот. Во помалку тешки случаи, ова може да предизвика непријатни симптоми како што се вртоглавица, заматен вид, вкочанетост, нејасен говор“, објаснил на социјалните мрежи д-р Арун Наик, неврохирург од Индија.
„Но, ако артериите се компресирани долго време, тоа може да доведе до смртоносен мозочен удар“, додал тој.
Првиот случај на таканаречениот „синдром на мозочен удар во салонот за убавина“ беше пријавен во САД во 1993 година, а оттогаш, уште неколку се забележани во медицинската литература.
Особено се истакнува случајот на една жена која во 2016 година доживеала мозочен удар во салон откако по бојадисувањето, косата морала да ѝ се измие шест пати таа не можела ниту да зборува ниту да се движи и имала проблеми со говорот во следните 24 часа, пренесува „Дејли мејл“.
На поголем ризик од ова се изложени луѓето со висок крвен притисок, дијабетес и оние кои порано имале проблеми со вратот или со крвните садови и артериите.
Како да спречите мозочен удар во фризерскиот салон
Како што препорачуваат експертите, постојат неколку работи што можете да ги направите за да го намалите ризикот. Ставете крпа или перница под вратот, за да спречите вратот да биде премнува свиткан наназад, а исто така не двоумете се да побарате столот и лавабото за миење на косата да се подесат за да одговараат на вашата висина. Обидете се да правите паузи и повремено да ги менувате позициите за да ја намалите напнатоста во вратот.
Ако во текот или по миењето на косата почувствувате ненадејна вкочанетост или слабост во лицето, рацете или нозете, особено на едната страна од телото, или ако почувствувате конфузија, заматен вид, вртоглавица и главоболка, веднаш побарајте медицинска помош.
Лекарите тврдат дека доколку пациентот дојде во првите 90 минути, шансите за добар исход се појавуваат кај секој четврти пациент.
Меѓутоа, по три часа, само еден од седум пациенти има шанса за добар клинички исход по мозочниот удар.