Мицкоски: Очекуваме час поскоро да се стави крај на оваа руска агресија и да можеме нормално да функционираме и да се развиваме

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска изјави дека одблиску се следат најновите случувања и развој на настани поврзани со и околу војната со Украина и Русија, но дека анализите и проценките не можат јавно да се соопштат.

-Одблиску ги следиме најновите случувања и развој на настани. Ги анализираме. Се разбира дека нема јавно да кажеме што е тоа што го анализираме и кои се нашите проценки. Очекуваме час поскоро сето тоа таму да заврши и да се стави крај на оваа војна, на би рекол оваа руска агресија, и да можеме нормално да функционираме и да можеме да се развиваме онака како што посакуваме, рече Мицкоски на прес-конференција во Владата по свечената седница по повод Светскиот ден на детето.

Прочитајте и:  Мицкоски: Владата ја поддржа кандидатурата на Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО, се слушнавме и по телефон
- Реклама -