Макрон го повика Путин да се вразуми, а Кина да го притисне за деескалација… потегот на Бајден го смета за „добра одлука“

Францускиот претседател Емануел Макрон ја осуди руската „ескалација“ во војната во Украина, повикувајќи го неговиот руски колега Владимир Путин „да се вразуми“.

-Навистина сакам да ја повикам Русија да се вразуми. Таа има одговорност како постојана членка на Советот за безбедност на ОН, изјави Макрон, вчера, по самитот на лидерите на Г20 во Рио де Жанеиро.

Макрон оцени дека Русија денес станува сила на „глобална дестабилизација“ и додаде дека го повикал својот кинески колега Си Џинпинг да влијае на Путин и да се заложи за деескалација. По средбата во Рио де Жанеиро, на маргините на самитот на Групата 20 (Г20), Макрон нагласи дека Кина има клучна улога во избегнувањето на нуклеарен конфликт и дека побарал од Џинпинг да изврши притисок врз рускиот претседател да ја прекине војната со Украина.

Прочитајте и:  „Фигаро“ ја повлече веста дека Франција и Велика Британија и дозволиле на Украина да нападне длабоко на територијата на Русија

Путин вчера го потпиша декрет на нуклеарната доктрина, со кој Русија го резервира правото да користи нуклеарно оружје во случај на агресија врз неа од ненуклеарна сила поддржана од нуклеарна сила, дури и ако нападот е со конвенционално оружје.

Што се однесува до зеленото светло од американскиот претседател во заминување – Џо Бајден – за Украина да користи американско оружје со долг дострел за напади во Русија, Макрон оцени дека тоа е „добра одлука“ и дека е донесена поради распоредувањето на севернокорејски војници во Украина.

- Реклама -