Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер денеска го промовираше Раул Алонсо како нов тренер на тимот каде шпанскиот стратег потпиша договор до јуни 2026 година.
Алонсо е 45-годишен тренер, кој во минатото беше асистент во Кил, а потоа и директор на академијата на големиот германски тим. Работел и во Германската ракометна федерација, а првиот ангажман како главен тренер го има во Тирол во Австрија.
Во 2018 година беше помошник на Маноло Каденас во Брест Мешков, а по една сезона го презема кормилото. Во двете сезони во белорускиот тим ги осови сите можни трофеи и стигна до четвртфиналето и осминафиналето во Лигата на шампиони. Во 2022 година повторно работеше во Германија во тимот на Ерланген.
Алонсо сега ќе го наследи Бранислав Ангеловски, кој ја напушти клупата во Битола по поразот од Алкалоид во домашното првенство, што беше втор во сезоната за актуелниот шампион на Македонија.