Евролига: Важна победа на Ѕвезда кај Монако, Асвел на чекор до сензација а Армани шокиран


Евролига: Важна победа на Ѕвезда кај Монако, Асвел на чекор до сензација

Кошаркарите на белградска Црвена ѕвезда победија на гостувањето кај Монако со резултат 98:90 (26:26, 28:22, 20:26, 16:24) во рамките на деветтото коло на Евролигата.

Натпреварот во Кнежевството беше исклучително интересен, динамичен и напнат од почетокот до крајот, иако кошаркарите на Монако долг период до третата делница одржуваа извесна предност. Меѓутоа, Ѕвезда во второто полувреме ја подобри играта во одбраната принудувајќи ги домашните кошаркари на бројни грешки и го скрши ривалот во решавачките моменти.

Убедливо најдобар поединец на паркетот беше Филип Петрушев, кој впиша 25 поени со седум скокови со стопроцентна реализација на 11-те слободни фрлања особено во финишот, а имаше индекс на полезност 38, најмногу поради 11 изнудените прекршоци врз него.

Најголема помош во редовите на Ѕвезда, Петрушев имаше од Коди Милер-Мекинтаер кој дуелот го заврши со 20 поени, додека Ајзеа Кенан впиша 11 коша.

Во тимот на Монако се истакна Ели Окобо со 20 поени, колку што постигна и Мајк Џејмс, додека Донатас Мотиејунас и Џордан Лој додадоа по 10 коша.

Ѕвезда сега е со сооднос 5-2, колку што има и Монако. Во следното коло веќе во четврток белграѓаните играат повторно на гости против француски претставник – Асвел, а Монако ќе оди кај Басконија.

Асвел, пак, за малку ќе направеше голема сензација пред мечот со Звезда. По голема драма, кошаркарите на Олимпијакос успеаја да го совладаат одличниот Асвел, кој водеше речиси цел натпревар, но на крајот загуби со 94:92. Асвел имаше 14 поени предност, но на крајот Олимпијакос предводен од Никола Милутинов и Еван Фурние успеа да оствари важна победа.

Српскиот репрезентативец Никола Милутинов беше најкорисен во својот тим со индекс 26, постигна 13 поени со седум скока и шест изнудени фаули. Најефикасни беа Саша Везенков со 21 поен, како и Еван Фурние со 20 поени.

Неверојатна игра приреди Тео Маледон од Асвел, кој постигна дури 31 поен, заедно со седум скока и пет асистенции за индекс 37, додека во редовите на францускиот тим блескаше и Жофри Ловерњ со 16 поени.

Хрватскиот кошаркарски репрезентативец Марио Хезоња беше најефикасниот играч на Реал Мадрид во победата на домашен терен против Виртус од Болоња од 98:86. Хезоња постигна 20, а впиша и пет скока и една асистенција. Реал сега е со 4-5 победи-порази, а Виртус со 2-7.

Кошаркарите на Армани претрпеа шокантен пораз во деветтото коло од Евролигата на гостувањето кај Алба по продолжение со резултат 105:101. Повторно, италијанскиот тим загуби голема предност и на крајот успеа да го загуби мечот кој веќе го имаше добиено.

Армани имаше плус 13, и плус десет пред последната четвртина, но и тоа не беше доволно за да се победи најлошиот тим во Евролигата. Тимот од Берлин ја намалуваше негативата, а на крајот дури имаше и шут за победа во последниот напад, кој не го искористи. Сепак, во дополнителните пет минути Алба брзо направи предност и на крајот со многу труд успеа да ја сочува големата победа.

Феноменален беше Габриеле Прочида со дури 29 поени и четири скока, а го следеше Вилијамс со „дабл-дабл“ учинок од 23 поени, 11 скока и пет асистенции.

На другата страна Никола Миротиќ забележа “дабл-дабл“ со 28 поени и десет скока, а одличен беше и Зек Ледеј со 23 поени и пет скока.

РЕЗУЛТАТИ ОД 9. КОЛО

Вторник:
Фенербахче – Баерн 87:76
Монако – Црвена ѕвезда 90:98
Алба Берлин – Емпорио Армани 105:101 (продолжение)
Олимпијакос – Асвел Вилурбан 94:92
Панатинаикос – Макаби Тел Авив 93:87
Басконија – Анадолу Ефес 84:89
Реал Мадрид – Виртус Болоња 98:86

Среда:
Партизан – Барселона
Париз – Жалгирис

ТАБЕЛА:

# Team Played Wins Losses Points For Points Against Points Difference Total Points
1 Фенербахче 9 7 2 713 680 +33 16
2 Олимпијакос 9 6 3 765 717 +48 15
3 Панатинаикос 9 6 3 783 732 +51 15
4 Баерн 9 6 3 771 772 -1 15
5 Барселона 8 6 2 677 636 +41 14
6 Црвена ѕвезда 9 5 4 741 712 +29 14
7 Жалгирис 8 6 2 599 577 +22 14
8 Монако 9 5 4 742 721 +21 14
9 Анадолу Ефес 9 5 4 764 748 +16 14
10 Париз 8 5 3 662 647 +15 13
11 Реал Мадрид 9 4 5 760 746 +14 13
12 Басконија 9 4 5 689 695 -6 13
13 Емпорио Армани 9 3 6 761 796 -35 12
14 Макаби 9 3 6 728 766 -38 12
15 Виртус Болоња 9 2 7 719 765 -46 11
16 Асвел Вилурбан 9 2 7 711 764 -53 11
17 Алба 9 2 7 691 783 -92 11
18 Партизан 8 2 6 631 650 -19 10
- Реклама -