Касами: Ние сме зеле обврска дека ќе поддржиме Албанска академија на науки, се друго се техникалии

„Ние сме зеле како обврска дека ќе ја поддржиме академијата, односно проект кој е важен за науката прво, па после за албанска наука. Се друго е процедура, техника, администрација“, изјави денеска градоначалникот на Тетово и претседател на Движење Беса, Биљал Касами, на новинарско прашање дали очекува поддршка во Советот на Општина Тетово околу финансирањето на здружението „Албанска академија на науки и уметности“.

„Ние кога сме одлучиле да го поддржиме овој проект, сигурно дека сме ги имале предвид сите можности за реализација на истиот. Се надевам дека како досега што сме имале одлична соработка до крај на овој мандат ќе ја имаме таа соработка на локално ниво, за сите проекти кои сме имале договор и соработка и понатаму ќе ја имаме таа соработка“, рече Касами.

Прочитајте и:  Две лица приведени во зградата на Општина Тетово поради закани кон вработен
- Реклама -