Западните сојузници на Украина не реагираа соодветно на вмешаноста на севернокорејските трупи во војната во Украина, нагласи денеска претседателот на Украина, Володимир Зеленски.
„Мислам дека реакцијата на ова не е ништо; таа реакција е нула“, рече Зеленски во интервјуто за јужнокорејските медиуми.
Во него тој додаде дека бил „изненаден од молкот на Кина“ за растечките врски на Пјонгјанг со Москва.