Руската армија во октомври со најголем напредок во Украина од првите недели од инвазијата

Руската армија напредувала 478 квадратни километри на украинска територија во текот на октомври, што е рекорд од март 2022 година, кога се случија првите недели од војната.

До 27 октомври, руските сили зазедоа повеќе територии отколку во август и септември 2024 година (477 и 459 квадратни километри, соодветно), поради значителните промени на линијата на фронтот, особено во источна Украина околу градот Покровское.

Две третини од освоените територии на Русија или 324 квадратни километри се наоѓаат во источниот регион на Доњецк.

Руските сили сега се на само неколку километри од Покровск, кон кој се приближуваат од југ и од исток.

Московската армија напредува и на северниот дел на фронтот, заземајќи повеќе од 40 квадратни километри во близина на Купјанск.

Прочитајте и:  Министерката за надворешни работи на Северна Кореја во посета на Русија

Купјанск, кој беше заземен од руските трупи во раните фази на војната, беше вратен од Украина во контраофанзива во септември 2022 година.

Во текот на 2023 година, руските сили освоија само 584 квадратни километри украинска територија. Сепак, од 1 јануари 2024 година, тие веќе окупираа повеќе од 2.660 квадратни километри, површина малку поголема од големината на Москва.

Од почетокот на војната на 24 февруари 2022 година до 27 октомври 2024 година, Русија окупираше 67.192 квадратни километри украинска територија.

Заедно со полуостровот Крим, кој Русија го анектираше во 2014 година, и областите на источна Украина контролирани од сепаратистите поддржани од Москва пред февруарската офанзива, Русија моментално контролира 18,2 отсто од територијата на Украина.

- Реклама -