Левица: Премиерот Мицкоски и министерот Тошковски го изгубија судскиот спор со Левица

За време на владеењето на предавничката власт на СДС и ДУИ, тогашната најголема опозициска партија ДПМНЕ не изнајде сила и храброст да се спротистави на власта – и во немоќ, Мицкоски и Тошковски поднесоа тужба против Левица со што јасно посочија на кого гледаат како најголем политички непријател и опасност по вечните смени на ДПМНЕ и СДС.

Суетите на премиерот Мицкоски и министерот Тошковски и анимозитетот кон Левица а не кон СДС, кулминираа со тужба во која премиерот-подносител и министерот-адвокат бараат преку политички мотивирана хајка да се притисне и извини Левица поради наводно нарушен углед и достоинство на подносителот.

Предметот на тужба е видео-соопштението на Левица насловено ,,Фирми на Анѓушев и Мицкоски добиваат тендери во Општина Кисела Вода”. Судот ја одби оваа небулозна и суетна тужба на Мицкоски и Тошковски, чиј проблем со Левица е тоа што не е дел од мафијашко-политичките врски кои ги обединуваат ДПМНЕ и СДС со олигархијата.

Прочитајте и:  Мицкоски ќе го чека мислењето на Антикорупциска, тврди дека Христовски има сертификат за државна тајна

Левица ќе продолжи да биде најизразена опозициска партија и ќе продолжи да посочува на криминогената природа и врски со олигархијата на ДПМНЕ – како на централно ниво, така и на локално.

Откако ДПМНЕ го уништија Скопје до ниво на нефункционалност, извесно е следната година за градоначалник на град Скопје да биде предложен Орце Ѓорѓиевски – со цел да се донесе Генерален урбанистички план во кој ќе има плен за целата олигархија, проверена пракса во Општина Кисела Вода каде е и моментално градоначалник.

ПП Левица

- Реклама -