Јамал ја напушти шпанската репрезентација: Сакам да се вратам што е можно поскоро

Фудбалерот на Барселона и шпанската репрезентација Ламин Јамал ја напушти репрезентацијата, соопшти прес-службата на тамошната федерација.

Претходно, каталонскиот клуб испрати барање до федерацијата за отповикување на 17-годишниот фудбалер по натпреварот од 3. коло од групната фаза на Лигата на нации со Данска (1:0), стравувајќи за неговата состојба.

Се забележува дека играчот успеал да избегне сериозна повреда по средбата со Данците. Лекарскиот преглед откри само истегнување на мускулот кај Јамал, но тој превентивно се врати во клубот.

– Сега се чувствувам подобро. Сакам да закрепнам и да се вратам што е можно поскоро, изјави Јамал по заминувањето од репрезентацијата.

Сезонава Јамал одигра 11 натпревари за Барселона во сите натпреварувања и постигна пет голови и исто толку асистенции.

Од септември 2023 година за шпанската репрезентација Јамал одигра 16 натпревари и постигна три гола.

- Реклама -