ВМРО-ДПМНЕ: „Зелената“ партија ДУИ секојдневно глуми жртва пред граѓаните, како власт поддржаа укинување на балансерот

Од кога граѓаните ги казнија на последните избори и ги испратија во опозиција по 20 години, “зелената” партија ДУИ, секојдневно глуми жртва пред граѓаните.

Иако и тие самите пред само една година, на седница на тогашната Влада предводена од СДС-ДУИ коалицијата, донеле одлука за укинување на алатката “балансер”, изминатава недела сведочиме на низа прес-конференции каде што велат дека укинувањето не смее да се случи.

Да не заборавиме, Владата на ДУИ и СДС во 2023 година донесе Стратегија за реформи на јавната администрација за период 2023-2030, со која се предвидува укинување на балансерот. Притоа, препораката на Европската Комисија јасно вели дека алатката е истрошена и треба да се укине.

Прочитајте и:  Средба на Ахмети со бугарскиот амбасадор: Преговарачката рамка мора да се спроведе, Бугарите треба да бидат вклучени во Уставот

ДУИ најавува протести и дестабилизација на државата, а беа дел од власта повеќе од 20 години и не направија ништо, освен играње фудбал по канцеларии, калливи патишта во Арачиново и купување на молови.

ДУИ се прочитани од граѓаните и изјавите на нивните политичари не проаѓаат во албанскиот блок.

Да потсетиме, ВМРО-ДПМНЕ се согласува со Европската Комисија дека балансерот е злоупотребен, сметаме дека рамноправната застапеносост треба и ќе се реши со закон.

ВМРО-ДПМНЕ

- Реклама -