Бела куќа: Бајден одобри воена помош од 567 милиони долари за Тајван

Американскиот претседател Џо Бајден вчера одобри воена помош за Тајван во вредност од 567 милиони долари, соопшти Белата куќа.

Ова е уште еден потег со кој Вашингтон има за цел да ги зајакне одбранбените капацитети на островот во услови на зголемени тензии со Кина, додава агенцијата.

Соединетите држави се највлијателниот меѓународен поддржувач и снабдувач на оружје на Тајван, дури и без формално воспоставување дипломатски односи. Кина постојано ги повикува САД да престанат да продаваат оружје на Тајван, кој го смета за своја територија.

Во соопштението, Белата куќа рече дека Бајден го овластил државниот секретар (Ентони Блинкен) „да го надгледува присвојувањето на 567 милиони долари од Тајван за опрема и услуги на Министерството за одбрана, воено образование и обука“.

Прочитајте и:  Орбан: Унгарија поддржува силен претседател на САД кој ќе биде на страната на мирот

На крајот на април оваа година, Бајден потпиша закон за воена помош за Украина, Израел и Тајван.

- Реклама -