(Видео) Баерн ја зголеми предноста против Волфсбург на осум гола

6

Како што се очекуваше, фудбалерите на Баерн ја забележаа убедливата победа против тимот на Волфсбург во последниот натпревар од 16-то коло на Бундеслигата. Баварците ги декласираа противниците со 8:1.

Од првата минута, Баерн беше во контрола на играта, задржувајќи висок посед на топката. Сепак, гостинот од Долна Саксонија покажуваше закани пред голот на Мануел Нојер во текот на првото полувреме.

Рано во натпреварот, Баерн поведе по автоголот на Килијан Фишер, но Волците брзо одговорија преку Џенан Пејчиновиќ, младиот германски фудбалер со корени од Црна Гора.

Откако поминаа 30 минути игра, Луис Дијаз, по асистенција од Олисе, повторно ги доведе домаќините во водство. Во второто полувреме, баварската екипа едноставно го разби противникот, со погодоци од Мајкл Олисе (двапати), уште еден автогол од Мориц Јенц, Рафаел Гереро, Хари Кејн и Леон Горецка, чиме обезбедија впечатлив триумф.

Со оваа победа, Баерн ја зголеми својата предност на табелата, особено по тоа што второпласираната Борусија Дортмунд освои само бод во мечот против Ајнтрахт во Франкфурт (3:3), додека Баер Леверкузен претрпе изненадувачки пораз од Штутгарт (1:4) на домашен терен.

Сега Баварците имаат вкупно 44 бода, 11 повеќе од тимот од Дортмунд, кој се наоѓа на второто место на табелата.

Фото/ EPA