Прес-конференција на Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ
Министерот Тошковски го премолче последниот скандал во МВР и неговата одлуката да го ослободи телохранителот на Мицкоски кој тепаше полицаец. Срамна е вчерашанта реакција на МВР во која се вели дека Бисовски бил ослободен заради тоа што тепаниот полицаец не сакал да тужи. Оваа лага денес ќе ја демантираме со нови информации за тоа која е вистинската причина за ослободување на Бисовски.
Бидејќи Тошковски не сакаше да каже СДСМ ќе ги објави информациите кои се доставени до нас од свиркачи. Според овие информации целата операција е политички водена од врвот на МВР и Мицкоски, а крајната цел, е телохранителот на Мицкоски да биде унапреден во Командир на специјалната единица Тигар.
Доколку останела дисциплинската постапка и Бисовски бил казнет, тоа немало да биде возможно.
Целиот план е ова да се случи во три фази, првата е ослободување на Бисовски од одговорност која веќе е завршена.
Втората фаза е негово поставување на позиција самостоен инспектор која е во тек. Денес го прашуваме Тошковски, дали пред неколку дена е распишан оглас за самостоен инспектор токму за Бисовски? Доколку Бисовски биде избран на овој оглас ќе се потврди целата шема која е договорена и се реализира.
Следната и последна фаза требало да биде негов избор за Командир на САЕ Тигар. Ова е класичен случај како се ослободува од вина, се заташкува случај за некој да се унапреди по партиска линија.
Наместо професионализација, во МВР се случува партизација од најдолен вид.
Апелираме дека партаизација на овој начин, со лице кое е виновно за напад на полицајци, кое е телохранител на Мицкоски под чиј диктат се прави целата ооперација, е најбрутална партизација на клучните безбедносни единици во државата.
Им порачуваме на Тошковски и Мицкоски итно да се повлечат од оваа идеја и во професионална постапка да изберат професионални и чисти кадри на раководни позиции во МВР. Оваа брутална партизација со тепачи и телохранители е доказ дека ВМРО-МВРО е единствената цел на Мицкоски.
Со Тошковски и ДПМНЕ нема правда ниту одговорност а полицијата е сведена на инструмент за политички цели а не во служба на граѓаните.
Одговор на новинарско прашање, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ
Влошувањето на односите со соседите ја става под знак прашање европската перспектива и оди на директно на штета на националните интереси на нашата држава.
Неодамнешниот инцидент за време на посетата на Силјановска во Бугарија е пред се грешка на протоколот на претседателката. Ова незнаење на нашата дипломатија, кое очигледно Бугарија успешно го искористи, не смее да биде понатаму злоупотребувано од Владите во Скопје и Софија за ескалација на односите.
Уште поопасно е доколку оваа ескалација на односите се прави тенденциозно за да се намали штетата која предизвика скандалот врз рејтингот на владеачката партија. Ако ова е целта, тогаш тоа е погрешно и ја води земјата кон уште поголеми проблеми.
Бугарија исто така мора да сфати дека нејзината политика кон нас е од клучно значење за зачувување на дијалогот и дека пораките со кои се заоструваат односите не се во интерес на ниедна од страните.
СДСМ апелира да се задржат конструктивните тонови и соработка. Веруваме дека преку дијалог и одговорна политика терба да се градат и продлабочуваат односите. Многу е лесно нешто да се скрши а далеку потешко да се залепи.
Со жалење констатираме дека она што до сега го гледаме во надворешната политика на Владата е само во функција на одалечување на земјата од европскиот пат и враќње назад во време на конфликти. Оваа политика нема да донесе ништо добро. Затоа, повикуваме на разум, одговорност и посветеност кон реформите кои ги започнавме, бидејќи тие се единствениот пат за подобра иднина на нашите граѓани и нашата држава.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ