Британскиот премие рму одговори на Путин: Русија е таа што ја започна војната

Русија го започна конфликтот во Украина и може веднаш да го заврши, изјави британскиот премиер Кир Стармер откако рускиот претседател Владимир Путин синоќа изјави дека Москва ќе го смета истрелувањето западни ракети кон Русија за сериозна ескалација на војната, пренесува Би-Би-Си. .

Стармер денеска е во Вашингтон на разговори со американскиот претседател Џо Бајден, додека сојузниците на Киев разговараат да и дадат дозвола на Украина да истрела западни ракети со долг дострел врз цели во Русија.

Путин за руската државна телевизија изјави дека тоа „нема да значи ништо повеќе од директно учество на НАТО, САД и европските земји во војната во Украина“.

-Тоа е нивното директно учество. И, се разбира, тоа значително ја менува суштината, природата на конфликтот, рече Путин, додавајќи дека „доколку тоа биде така, ќе донесеме соодветни одлуки врз основа на нивните закани“.

Прочитајте и:  Украина: Новата хиперсонична руска ракета развила брзина поголема од 11 маха (речиси 3.8 километри во секунда)

„Русија го започна овој конфликт. Русија незаконски ја нападна Украина. Русија може веднаш да го прекине овој конфликт“, рече Стармер.

- Реклама -