САС на МПЦ-ОА изрази подршка на Украинската православна црква

Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА), на својата редовна седница во работен состав, одржана на 12 септември 2024 година, разгледа повеќе прашања и настани поврзани со црковниот живот.

Синодот посвети особена грижа за состојбата со сестринската Украинска Православна Црква, која беше административно укината од Украинскиот парламент, со Предлог-законот 8371, и со тоа на милиони верници, кои се црквуваат во таа Црква, им е оневозможено основното право на верска припадност, исповедање на својата вера и вршење на богослужби.

Светиот синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, сведочејќи ја евангелската вистина, искажува молитвена поддршка на Претстојателот на Украинската Православна Црква, Неговото Блаженство Митрополит Киевски и на цела Украина г. Онуфриј, на браќата архијереи и на нејзиниот верен народ, молејќи се семилостивиот Господ да им даде сила да истраат и да ги надминат овие искушенија.

Прочитајте и:  Белорусија испрати дополнителни трупи на границата со Украина

Истовремено, Светиот синод се моли за единство на сите Помесни Православни Цркви, кои го сочинуваат Телото Христово.

 

Од канцеларијата

на Светиот архијерејски синод на 

Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија

- Реклама -