Белорусија испрати дополнителни трупи на границата со Украина

Белорускиот министер за внатрешни работи Иван Кубраков изјави дека на границата со Украина испратени се специјални полициски сили и дополнителни трупи, со цел да се зголеми безбедноста и да се спречи потенцијален продор на украинските војници на територијата на Белорусија.

– Одделот ги анализираше акциите на вооружените сили на Украина во областа Курск во Русија, поради тензичната ситуација во близина на јужната граница на Белорусија, специјалните полициски единици за немири и внатрешните трупи беа распоредени во пограничната зона, истакна Кубраков

Тој посочи дека целта на ваквата акција е да се спречи влегувањето на „непријателот“ на белоруска територија, како и да се обезбеди безбедност на граѓаните.

Прочитајте и:  Мисајловски: Ситуацијата на Блискиот Исток и во Украина ќе има рефлексија во цела Европа
- Реклама -