Филипче го осуди политичкото дискредитирање на историската комисија

Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска го осуди, како што кажа, политичкото дискредитирање на членовите на историската комисија и дека ја поддржува идејата за вклучување на странски експерти во нејзината работа.

-Најпрво да го осудам политичкото дискредитирање на членовите на историската комисија. Сметам дека таа има јасно утврдена задача а тоа е да утврди заедничко толкување на историски факти. И тука за политика воопшто нема место и дополнително со политизација и со обиди за политичка дискредитација ние ја поткопуваме суштината на целокупниот процес и сериозно ги дискредитираме, тие политичари што тоа го прават, експертизата на членовите кои работат таму, а таму работат професионалци од тие области, изјави денеска претседателот на СДСМ и пратеник Венко Филипче.

Прочитајте и:  Филипче: Челниците на ЕС во Брисел на Мицкоски му кажале да не смета на уставни измени со одложено дејство

Според него, политичарите можеби ќе помогнат доколку иницираат дополнителен модел на пример странски експерти по примерот на некои европски држави.

-Сметам дека вклучувањето на меѓународни експерти во историската комисија со Бугарија вооппто не е лоша работа. Прво дефинитивно ќе влијаат на елиминирањето на политичките влијанија кои на никого не му носат добро а ќе внесат искуства од претходни комисии каде работеле. Така што го осудувам политичкото дискредитирање и политизацијата на историската комисија, изјави Флипиче на прес-конференција во Собранието.

- Реклама -