Во која форма јаткастите плодови се најздрави?

Јаткастите плодови се сметаат за здрава храна, но не и ако се термички обработени.

Јадењето пржени или печени јаткасти плодови нема да донесе никаква корист, напротив, ќе му наштети на вашето здравје.

Според нутриционистката Марија Мукина, јаткастите плодови губат дел од своите корисни својства при пржењето. Покрај тоа, во нив се акумулираат штетни материи. Тоа се случува поради фактот што при пржењето се уништуваат многу витамини и здрави масла, а наместо нив се појавуваат нездрави материи.

Јаткастите плодови во нивната оригинална форма се најздрави. Пред консумирање, јаткастите плодови треба да се потопат во вода час или два за полесно да се сварат.

Оваа храна е покриена со фитинска киселина која се врзува за минералите во гастроинтестиналниот тракт и не може да се апсорбира во цревата, што кај некои може да предизвика дигестивни проблеми.

Прочитајте и:  Лекар предупредува за два вида млеко кои предизвикуваат сало на стомакот

Исто така, со натопување на јаткастите плодови добиваме повеќе протеини, масни киселини, витамини од групата Б, калиум и магнезиум.

Јаткастите плодови содржат и влакна потребни за нормализирање на работата на цревата, регулирање на нивото на шеќер во крвта и намалување на количината на „лошиот“ холестерол, пренесе Index.

На луѓето со алергија на јаткасти плодови им се препорачува да бидат внимателни. Исто така, подобро е да ги избегнувате ако страдате од гастроинтестинални заболувања и панкреатитис.

- Реклама -