Русија предупредува: Западот ќе добие „ислучително болен“ одговор

Руското Министерство за надворешни работи утрово ги предупреди Западот и Украина дека Москва веднаш ќе одговори во случај на напади на Украина со долг дострел на руска територија.

Марија Захарова, портпаролка на руското Министерство за надворешни работи, рече дека рускиот одговор би бил „исклучително болен“.

Таа, исто така, изјави дека Западот „треба да размисли за ризиците од понатамошна ескалација на конфликтот во Украина“ и дека западните политичари „губат контакт со реалноста“.

Прочитајте и:  Монголија објасни зошто не го уапсиле Путин: Енергетската зависност на земјата го отежнува апсењето
- Реклама -