ХРВ ја повика Монголија да го уапси Путин или да му забрани влез во земјата

Организацијата „Хјуман рајтс воч“ и порача на Монголија дека не треба да дозволи рускиот претседател Владимир Путин да влезе во таа земја, а во спротивно тој треба да биде уапсен.

Во март минатата година, Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налог за апсење на Путин бидејќи тој е осомничен за воени злосторства во Украина, а Монголија како членка на МКС е должна да го уапси според таа потерница доколку дојде на нејзината територија.

Кремљ соопшти дека Путин планира утре да отпатува за Монголија, на покана на неговиот тамошен колега за да присуствува на настан по повод годишнина.

Во март минатата година, Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налог за апсење на Путин бидејќи тој е осомничен за воени злосторства во Украина, а Монголија како членка на МКС е должна да го уапси според таа потерница доколку дојде на нејзината територија.

Прочитајте и:  Путин пристигна во Монголија, нема да биде апсен

Сепак, Кремљ соопшти дека „не е загрижен“ и оти посетата била внимателно планирана.

Посетата закажана за утре ќе биде прва посета на Путин на земја-членка на МКС по издавањето на налогот.

Според Римскиот статут, членовите на МКС се обврзани да го уапсат секој кој се бара доколку стапне на нивна територија, но судот нема механизам да ги принуди на тоа. 

- Реклама -