Путин: Офанзивата во Доњецк напредува, и покрај провокациите во Курск

Украинската провокација во Курск не го запре напредувањето  на руската армија во Доњецк, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин, дополнувајќи дека Русија во овој регион напредува исклучително брзо.

– Сега не зборуваме за поместување за двесте или триста метри напред, туку зборуваме за квадратни километри, нагласи Путин, додавајќи дека руските вооружени сили долго време не имале вакво темпо на офанзива во Донбас.

Рускиот претседател истакна дека Москва не може да дозволи создавање на „непријателски структури“ во близина на земјата кои имаат агресивни планови и постојано се обидуваат да ја дестабилизираат Русија.

Прочитајте и:  Шикорски бара НАТО да соборува руски ракети кои би можеле да навлезат во Полска уште додека се над Украина
- Реклама -