ДУИ: Меџити и Таравари јавно се пофалија за ослободувањето на Блерим Рамадани

Со пофални објави на нивните Фејсбук профили, џентлмемот и претприемачот градител Изет Меџити и д-р % Арбен Таравари побрзаа да ја преземат заслугата за „ослободувањето“ на поранешниот војник на ОВК.

МВР и Обвинителството мора да ги викнат на распит и да одговараат за нивната улога во „ослободувањето“ на Рамазан!

Дали најконкретно Меџити, но и Таравари, Касами, Гаши и Ќоку се согласуваат со ВМРО ДПМНЕ дека за бегството е одговорен судијата Пајазит Пајазити?

Или пак, како сиот свет, сметаат дека е одговорно МВР?

Како Меџити, но и Таравари, Касами, Гаши, Ќоку ја коментираат одлуката на Врховниот суд со која се загрозуваат сите војници на Ослободителната војска на Косово да бидат екстрадирани во Србија?

Прочитајте и:  СДСМ: Тошковски и Рамука се обидуваат вината за скандалот со Гаши да им ја наметнат на вработените на Блаце, итно и транспрентно да се објават наодите на внатрешна контрола

Недостигот на изборен легитимитет кој произлегува од волјата на народот те прави миленик на ВМРО, но те остава немоќен и не те прави ништо повеќе од слуга, слуга, без точка на достоинство.

Демократска унија за интеграција – ДУИ

- Реклама -