ДУИ: Пропадна планот на Вучиќ и моноетничката влада за екстрадиција на Рамадани во Србија

Демократската унија за интеграција оценува дека пропаднал планот на Вучиќ и моноетничката влада за екстрадиција на поранешниот војник на ОВК Блерим Рамадани од Косово, кој е прогонуван по налог на српската влада, а беше уапсен во Скопје.

Меџити и Таравари, губитниците на изборите и омилени вазали на ВМРО, се пофалија дека го ослободиле Блерим Рамадани, измамувајќи ја албанската јавност.

Мицковски вчера потврди дека Меџити и Таравари не отвориле ни уста во владата за Блерим Рамадани велејќи дека не слушнал дека се пофалиле јавно за неговото „ослободување“.

Недостигот на легитимитет и кредибилитет на слугите во власта ги загрозува поранешните војници на ОВК, а Албанците ги остава сираци и понижени само заради хизмечарските фотелји.

Прочитајте и:  Минчев: ДУИ во претходната Влада поддржала иницијатива која констатира дека е надмината потребата од примена на „балансерот“

Понижувањето на Албанците е алармантно и скандалозно.

ВазаЛЕН-ите нѐ срамат и пред Косово и Албанија, со дипломатскиот скандал со претседателкста Османи и апсењето на Блерим Рамадани, сето тоа со директни наредби од Вучиќ и Србија.

Демократска унија за интеграција (ДУИ)

- Реклама -